Никогаш повеќе нема да Ви падне на памет да го направите ова во тоалетот!

5 август, 20200
laufen-wc-2

Дали пуштате вода во WC школката додека капакот е подигнат или спуштен? Можеби не сте обрнале внимание на тоа, но би можеле да почнете.

Имено, вирусите и бактериите можат да се шират дури и на неколку метри од школката, пишува „WellandGood“.

Пуштањето вода со подигнат капак создава „прскање“, вели микробиологот Џејсон Тетро. Микроскопски честички, т.е. вируси и бактерии има насекаде во школката и се претпоставува дека ова ширење се намалува кога ќе се затвори капакот.

Тоа е сличен аеросол со капки предизвикани од кивање и кашлање. Откако ќе ја пуштиме водата, тие капки може да се испрскаат на неколку метри во тоалетот, на четки за заби и крпи, објасни Тетро.

За да дојдат до овие резултати, истражувачите го испрскале тоалетот со бактеријата C. difficile која предизвикува дијареја и колитис, а потоа ја пуштиле водата. Тие, исто така, пронашле честички на висина до 25 сантиметри над школка, 90 минути по испирањето. Концентрацијата на честичките беше дури 12 пати поголема со подигнат капак отколку со спуштен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *