Никола Гескиер од модната куќа Луј Витон: Имавме луд ритам и не размислувавме доволно!

9 септември, 2020
насловна николас

Креативниот директор на познатата француска марка смета дека модниот систем е пренатрупан со модни ревии, колекции и брендови воопшто, па затоа е вистинско време за промена на правилата.

– Мислам дека не сме размислувале доволно. Нè обзеде лудиот ритам на презентирање на колекции, и едноставно немавме време да размислиме конкретно за сè она што е важно – а тоа се одржливоста, етиката, проблемот со отпадот. Верувам дека ова беше повик за будење – коментираше Никола Гескиер, кој е креативен директор на Луј Витон од 2014 година.

Искрено, повеќе сакам да работам на помалку работи отколку на повеќе работи за кратко време, додаде дизајнерот.

За него и неговиот тим, новата ситуација значи враќање на она што е основно, поедноставување на процесите и веќе не работење на колекција од дури 300 облеки и модни додатоци.

– Му реков на мојот тим среде карантин, повеќе нема да се трупаме со работа, на крајот на краиштата, вратете ми се со две одлични идеи, наместо со пет добри – се сеќава авторот за Фајненшл тајмс.

Што се однесува до него, тој прави паралели со лудите дваесетти години, за него тоа е омилена деценија од минатиот век, заради нова енергија и социјални промени во однос на слободата.

На почетокот на оваа нова деценија, исто така во дваесеттите години, тој верува дека е вистинско време свесно да се избере патот по кој ќе се движиме, во смисла на моден систем кој сепак, смета тој, има простор за маневар, како и за добри промени.