Нормално е што чувствувате страв од излегување меѓу луѓе- еве какви фобии донесе короната!

16 мај, 20200
strav

Пред пандемијата сите бевме опседнати со страв дека ќе пропуштиме нешто важно, нешто повозбудливо од она со што се занимаваме. Тоа чувство се вика Fear of Missing Out (FOMO) и нè тера да сме постојано online, во тек со сите вести и новитети. Но пандемијата и попуштањето на мерките од самоизолација доведоа тоа чувство да биде заменето со една друга екстрема- страв од излегување надвор, меѓу други луѓе, односно Fear of Going Out (FOGO).

Концептот FOMO не е новитет, но со развојот на технологијата и популарноста на социјалните мрежи стана толку сеприсутен што предизвикува анксиозност и депресија, особено кај младите луѓе.

Страв да не пропуштиме нешто

FOMO направи сите да создадеме од себе лажни личности кои ги имаме на Твитер, Фејсбук или Инстаграм за да можат да нè следат што е можно повеќе луѓе, да ни ставаат лајкови, или едноставно да испровоцираме реакција од другата страна. Тоа исчекување на нотификации стана еден вид на награда со која се чувствуваме повредни или поважни во туѓите очи.

FOMO стана единствената моќна емоција која влијае на нашите социјални односи и на нашето однесување. И тоа не само кај младите луѓе, туку кај целата популација. Социјалните мрежи се бегство од досада и нè преокупираат додека сме дистанцирани од другите.

Дали да се опуштите или да останете внимателни

Во моментот на пандемија сето ова доби друга форма зашто веќе не мора да се чувствувате лошо ако не сте излегле на пијачка, отишле на концерт или не сте излегле на прошетка. Сега се случи нешто друго. Се случи уште една фобија која сега е уште поприсутна. Во прашање е еден вид на агорафобија, односно страв од излегување надвор (FOGO). За време на пандемијата сме бомбардирани со предупредувања и совети да останеме дома, да избегнуваме контакт со други за да се намали можноста за пренос на заразата. Секое одење во маркет изгледа како подготовка за војна со полна заштитна опрема. Ситуацијата со попуштените мерки е уште позбунувачка: колку навистина можеме да се опуштиме? Кога е најдобро да се излезе? Дали е безбедно да се седне на клупа во парк? Да носиме маски или не? Прашањата се нижат, а никаде нема одговор.

Иронично, што повеќе се грижиме, толку полошо се чувствуваме. Не само заради вирусот, туку и заради тоа што стравот и прави на нашата психа.

FOGO претсваува феномен и е тесно поврзан со нашата перцепција за тоа колку сме во ризик да се разболиме. Кај многумина тој предизвикал потреба кризата да се продолжи што е можно повеќе, за да не треба да се излегува меѓу потенцијално заразени луѓе, но и да не се напушти лулката на која се навикнавме во изминативе два месеци. Седењето дома стана новото “нормално” и на многумина сега им е тешко да го напуштат домот, а бројните совети од експертите само им ја зголемува анксиозноста.

Најдобра опција е постепено враќање кон секојдневните обврски кои подразбираат излегување од дома. Контактот со блиските пријатели и семејството треба да се зголемува, но внимателно и со држење дистанца, барем во првите недели по излегувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi