Носењето очила го намалува ризикот од пренесување на корона вирусот на очите

22 септември, 2020
ocila

Носењето очила за гледање секој ден, може да го намали ризикот од зараза со новиот корона вирус, покажува најново истражување.

Истражувачите од Кина откриле дека луѓето кои носат очила за гледање имаат 5 пати помалку шанси да се заразат со вирусот.

Тимот од универзитетот Нанчанг, вели дека тие веруваат дека тоа е затоа што рецепторите „ACE-2“, на кои вирусот може да се закачи и да ги зарази човечките клетки, може да бидат присутни во очите.

На здравствените работници им е задолжително носењето на заштита на очите. А од тука се поставува прашањето зошто се обрнува внимание на превентивни мерки како што се токму честото миење на рацете и избегнување на допирање на лицето?

За оваа студија, објавена во „JAMA Ophthalmology“, тимот анализирал 276 пациенти со дијагностициран Ковид-19 помеѓу 27 јануари и 13 март.

Триесет пациенти имале очила за гледање (10,9%), од нив 16 случаи со проблеми со кратковидност и 14 случаи со проблеми со далекувидност.

Ниту еден од дијагностицираните со вирусот не носел контактни леќи или бил подложен на рефрактивна операција за подобрување на видот.

Вкупно 16 пациенти, кратковиди, објасниле дека носат очила подолго од 8 часа на ден, односно 5,8%.

За општата популација, истражувачите се вратиле на една студија од пред неколку децении во која ученици на возраст од 7 до 22 години од провинцијата Хубеи од кои 31,5% носеле очила за кратковидна состојба.

Од објавувањето на студијата, тие ученици сега би биле на возраст од 42 до 57 години, близу до просечната возраст од 31 година за пациентите со Ковид-19.

Нашето главно откритие беше дека пациентите со Ковид-19 кои секојдневно носат очила подолг период од денот се релативно ретки, што може да биде прелиминарен доказ дека луѓето што носат очила секој ден се помалку подложни на зараза – велат истражувачите.

Тие претпоставуваат дека очилата „го спречуваат или одвраќаат човекот да ги допира своите очи, со што се избегнува пренесувањето на вирусот од рацете на очите“.

Неодамна открија дека очите го произведуваат рецептрот„ACE-2“, што ги прави овие органи кревки за опасноста од вирусот.

Доколку се случи зараза од корона вирус, тој не е присутен само на очите, туку и во солзите, што би го пренело патогенот.

Ова може да објасни зошто 12% од пациентите со Ковид-19 имаат таканаречени „окуларни манифестации“, како што се црвенило и отоци.

Затоа, очите се сметаат за важен канал за САРС-КоВ-2 во човечкото тело. За луѓето што секој ден носат очила за гледање, носењето наочари може да стане заштитен фактор, намалувајќи го ризикот од пренесување на вирусот на очите – велат истражувачите.

Д-р Лиза Марагакис, вонреден професор по медицина и епидемиологија на Медицинскиот факултет на универзитетот Џон Хопкинс, сепак, апелира дека луѓето не треба да носат очила ако не им требаат!

Иако од ова истражување лесно може да се заклучи дека секој треба да носи очила за гледање, заштитни очила или визир за да си ги заштитат очите и себеси од Ковид-19, од епидемиолошка перспектива, ние мора да бидеме претпазливи да го избегнеме заклучокот на каузална врска од само едно истражување – исткнува д-р Марагакис.

escort - Korsan taksi