Нов лек против Коронавирусот за најтешките случаеви!

21 јуни, 2020
novi_lek_protiv_korona_virusa_za_najteze_pacijente_nova_nada_i_upozorenje_za_sve_kojima_pluca_normalno_rade_270236450

Веста дека на пациентите со Коронавирус може да им се помогне со „обичен“ дексаметазон е објавена во повеќето светски медиуми.

Британските истражувачи успеале да ја намалат стапката на морталитет на пациенти заболени од КОВИД-19 со помош на овој  лек, претходно користен против воспаление кај некои други болести и најавија дека ќе објават детали наскоро.

Сепак, вестите објавени на 16 јуни 2020 година, веќе ги коментираат највисоките медицински власти во Јужна Кореја, предупредувајќи на потенцијални несакани ефекти. Другите здравствени работници се исто така скептични.

„И претходно се израдувавме премногу брзо за вакви резултати, но кога ќе добиевме пристап до сите податоци, ништо не беше толку убедливо“ – вели д-р Кетрин Хиберт, директорка на одделот за интензивна нега во општата болница во Масачусетс во Соединетите Американски Држави.