Новата колекција на Chanel ја следи наледеното проклетство

9 април, 20200
chanel

Кога Вирџија Вијард – десната рака на Карл Лагерфелд – го презеде кормилото на модната куќа Chanel, не постоеше личност од светот на модата којa не се сомневаше во нејзината работа и со нетрпение ја очекуваше новата колекција.

Карл , колку и  да заслужува голема и оправдана почит во светот на модата, факт е дека одличниот дизајнер веќе беше премногу уморен и тоа се одрази во неговите колекции.

Долго, навистина долго време, во ревиите на Chanel не добивме шанса да видиме парчиња  што понудија нешто револуционерно, едноставно не донесоа ништо особено ново, а можеби и најлошо, тие не нѐ воодушевија.

Се чини дека Вијард ова многу добро го знае, и затоа половина од нејзините модели (но буквално половина: кога ќе ги погледнете парчињата како посебни ентитети, не онака како што се искомбинирани во еден стајлинг, тие навистина носат нешто ново со себе), го претставуваат она неопходно освежување, кое на Chanel и тоа како му беше потребно. Сепак, проклетството на Chanel е забележливо и во работата на Вирџија Вијард, чијашто рака цврсто ја држи онаа со карактеристична црна ракавица без прсти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi