НОВИ ДЕТАЛИ ЗА РУСКАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОРОНА ВИРУС!!! Ќе се даваат две дози за три недели,но…

3 август, 2020
Annotation 2020-08-03 104047

„Mногу сме внимателни кога станува збор за квалитетот на вакцините и тоа строго го контролираме“.

Директорката на рускиот институт за јавно здравје, Ана Попова, изјави дека е убедена во ефикасноста и безбедноста на вакцините против вирусот што се развиваат во Русија.

„Не се сомневам дека вакцината што ќе достигне до луѓето ќе биде апсолутно безбедна и ефикасна“, рече таа за каналот Русија 1.

Таа истакна дека никогаш немало вакцина на рускиот пазар чијашто безбедност би можела да се доведе во прашање.

„Ние сме многу внимателни кога станува збор за квалитетот на вакцините и тоа строго го контролираме“, рече таа.

Како што додаде, ниту една компанија која ја развива вакцината нема целосно знаење за одржливоста и трајноста на имунитетот на вирусот.

Протоколот за вакцини развиен во Русија предвидува две вакцинирања оддалечени три недели, пренесува ТАС С.

Завршено е клиничко тестирање на вакцината на рускиот центар за истражување Гамалеј. Друга вакцина која ја развива Центарот за истражување на вирологија и биотехнологија, Вектор, е во фаза на клиничко тестирање. Масовна вакцинација против новиот корона вирус е планирана за почетокот на октомври.