Ново истражување тврди дека кај некои луѓе кои го прележале Ковид, антителата го напаѓаат телото, а не вирусот

29 октомври, 2020
SPAIN-HEALTH-VIRUS-HOSPITAL

Пациентите произведуваат антитела насочени кон генетскиот материјал од човечките клетки

Ново истражување од Универзитетот Емори во Атланта покажува дека кај некои луѓе кои го прележале коронавирусот, имунитетот се свртува кон сопственото тело, што потсетува на ревматоиден артритис и лупус, пишува New York Times.

Во еден момент, одбранбениот систем на телото кај овие пациенти го пренасочува нападот кон сопственото тело, а не кон вирусот. Пациентите произведуваат антитела насочени кон генетски материјал од човечки клетки, наместо вируси.

Погрешниот имунолошки одговор може да влоши сериозен Covid-19. Ова би можело да објасни зошто некои луѓе имаат долготрајни проблеми дури и неколку месеци откако болеста поминала и вирусот исчезнал од телото.

ТРЕТМАНИ КОИ БИ МОЖЕЛЕ ДА ПОМОГНАТ

Ова откритие има важни импликации врз третманот. Користејќи постоечки тестови кои можат да детектираат антитела, лекарите може да идентификуваат пациенти кои би можеле да имаат корист од лекови што се користат за ревматоиден артритис и лупус. Не постои лек за овие болести, но некои третмани ја намалуваат фреквенцијата и сериозноста на состојбата.

Резултатите од истражувањето може да се најдат на страницата MedRxiv, платформа за необјавени научни трудови, а сè уште не се објавени во научно списание. Но, експертите веќе веруваат дека студијата била спроведена прецизно, дека наодите биле очекувани затоа што и други вирусни заболувања се активираат од антитела. Кај некои луѓе, докажано е дека дексаметазонот е корисен за сузбивање на премногу силен имунолошки одговор.

escort - Korsan taksi