Нутриционистката Синтија Сас открива рецепт за феноменален пијалок: За 4 дена топи до 4 килограми!

23 август, 2020
pijalok

Нутриционистот Синтија Сас, авторка на диетата за рамен стомак, тврди дека со пиењето на овој пијалок може да изгубите 4 килограми за само 4 дена.

За пијалокот што самата го создала вели дека освежува, ревитализира, ја намалува надуеноста и го смирува дигестивниот тракт, го стимулира варењето на храната и содржи многу малку калории.

Вака се прави овој чудотворен пијалок:

  • Два литри вода
  • 1 лажица рендан ѓумбир
  • 1 свежа краставица со средна големина
  • 1 среден лимон
  • 12 лисја зелено нане

Подготовка: Краставицата и лимонот исечете ги на тенки ролни и ставете ги во вода заедно со сите други состојки. Промешајте и оставете ги во фрижидер преку ноќ. Исцедете и пијалокот е подготвен. Сите состојки на овој пијалок се природни диуретици и ги исфрлаат водата и токсините од телото.

Исто така, се препорачува и за оние кои не се со прекумерна тежина, со цел да направат детокс на организмот што ќе го подобри неговото функционирање.

За време на овие 4 дена, за време на консумирање на пијалокот, неопходно е да се избегнува брза и масна храна, како и слатки и газирани пијалоци. Пијалокот се пие неколку пати во текот на денот, а најдобро би било пред оброк.

escort - Korsan taksi