Обликот на Вашиот палец открива какви сте во врската – романтични, ладни…

5 август, 2020
f1a195b57c5a634a885e7d45919095a9

Палецот може да има 3 облици, во зависност од должините на првата и втората половина. Исто така, може многу да се дознае за љубовта и по тоа како линиите на срцето се поврзуваат на дланките

Луѓето од античко време чувствуваат возбуда при самото спомнување на читањето од дланката на вашата рака. Во овој случај, станува збор за тоа каков палец имате на рацете, затоа што тоа е она што најверојатно открива какви сте во љубовните врски – без разлика дали сте романтичар кој го става својот партнер на првото место или сте малку ладни и воздржани.

Палецот може да има 3 облици, во зависност од должините на првата (горната) и втората половина.

Првата половина на палецот е подолга од втората

Вие сте многу верни и крајно страсни. Кога се вљубувате, знаете да станете малку опседнати со таа личност. Тогаш воопшто не е невообичаено да го запоставите Вашиот живот на страна од љубовниот, на пример, студирање, кариера …

Вие едноставно „полудувате“ по партнерот и се вознемирувате ако тој не одговара на Вашиот повик или СМС. Како и да е, добро би било да ги смирите страстите малку затоа што Вашето однесување би можело да го исплаши и да го оттргне партнерот од Вас.

Првиот и вториот дел од палецот се еднакви

Може да се каже дека сте добри во планирањето и имате специфичен пристап што ви го олеснува постигнувањето на своите цели. Без разлика каква е ситуацијата, Вие знаете да останете смирени и кул.

Вие сте многу објективни кон чувствата на Вашиот партнер. Вие нема да ја изгубите главата заради емоциите и да го запоставите Вашиот живот. Тој Ваш карактер Ве тера побавно да напредувате во љубовна врска што на крајот може да доведе до здрава врска.

Првата половина е пократка од втората

Вие сте чесна и сигурна личност и имате многу добра моќ на внимание. Пред да преземете какви било активности, прво ќе погледнете добро на сè и ќе размислите за сè, не брзате во ништо. Ова, се разбира, се рефлектира во вашиот љубовен живот. Кога се вљубувате, обично ги ограничувате чувствата, открива „Мистикал Рејвн “.