ОДЛИЧЕН ТРИК! Направете течност која лесно ќе го отстрани мразот од стаклото на Вашиот автомобил

11 декември, 2020
Screenshot_1

Наместо гребење со пластична шпатула, користете го овој генијален трик за да го отстраните мразот од шофершајбната.

Состојки:

празно шише со спреј одозгора

алкохол

вода

течност за миење садови

Подготовка:

Наполнете го шишето со мешавина од 2: 1 алкохол и вода. Во оваа смеса додадете лажичка или две течност за миење садови. Чувајте ја смесата на собна температура, не во автомобилот.

Испрскајте од течноста на стаклото и мразот наскоро ќе почне да се топи. Почекајте една минута и почнете да го отстранувате мразот со шпатула.

Топлината на течноста предизвикува топење на мразот. Оваа топлина потоа се шири на околниот мраз кој исто така почнува да се топи. Тогаш, зошто да не истуриме обична топла вода? Затоа што многу брзо ќе замрзне.

Течноста што ќе ја направите ќе има температура на замрзнување од околу -15 степени Целзиусови, така што вашите стакла нема повторно да замрзнуваат ако температурата не е пониска.