Околу милион луѓе ја примиле кинеската експериментална вакцина: За сега нема негативни ефекти?

21 ноември, 2020
tan2020-11-162014368180-830x0

„Синофарм“ ја спроведе третата фаза на клинички испитувања

Скоро милион луѓе досега ја примиле експерименталната вакцина изработена од кинеската фармацевтска компанија „Синофарм“ како дел од програмата за итни случаи одобрена од кинеската влада и досега не се регистрирани никакви негативни ефекти меѓу примателите на оваа вакцина, соопшти управата на компанијата.

Првиот човек на „Синофарм“, Лиху Џинџен, потврди дека се вакцинирани скоро милион луѓе – градежни работници, дипломати и студенти и дека никој нема посериозна негативна реакција на вакцината, објави CNN.

Тој изјави дека само на 6 ноември вакцината ја примиле дури 56 000 луѓе, кои потоа патувале во странство.

Лиу исто така потврди дека „Синофарм“ ја спроведе третата фаза на клинички испитувања во која учествуваа скоро 60.000 луѓе од 10 земји, вклучувајќи ги Бахреин, Египет, Јордан, Перу и Аргентина.

Бидејќи „Синофарм“ има две различни вакцини, не е јасно за која вакцина зборуваше Лиа.

Уште во август, кинеската влада даде специјално одобрение на компанијата „КанСино“ да ја администрира својата експериментална вакцина на припадниците на Народноослободителната армија на Кина.

escort - Korsan taksi