Олимпискиот тркач го откри планoт за тренинг – го зацврстил своето тело за 30 дена!

9 јуни, 20200
Олимпискиот тркач го откри планoт за тренинг –  го зацврстил своето тело за 30 дена!

Неколку години по пензионирањето, олимпискиот тркач Ник Симондс почувствувал потреба да се врати во форма и одлучил да го документира својот предизвик во видео форма.

Си задал рок од 30 дена. На почетокот на предизвикот, тој тежел 81 килограм, имал 15,9 проценти телесна маст и 42,5 проценти мускулна маса. Задачата што самиот си ја поставил било да изгуби килограм маснотии и да добие три килограми мускул.

Бидејќи спортските сали сеуште беа затворени на почетокот на мај поради пандемијата на ковид-19, тој импровизирал со вежби дома.

  • „Знам да трчам во круг и да ослабувам, но не знам ништо за мускулите и како да ги зајакнам“, рече Симондс.

Тој се обратил на Рајан Хол, маратонец кој по пензионирањето добил 20 килограми мускули. Неговото секојдневно вежбање се состоело од трчање еден и пол километар со елек со тегови и вежби како што се потисоци, згибови и склекови. Неговата мантра била „она што е силно денес, ќе биде слабо утре“ и го зголемил бројот на повторувања на вежбите што ги изведувал секој ден. Два дена во неделата биле резервирани за одмор.

„Зглобовите и мускулите ми се повредени, не можам да се одморам, пијам три протеински шејкови и воопшто не добивам тежина“, рече тој по 14 дена. Покрај тоа што не видел никаква физичка промена, тој исто така се пожалил дека режимот му се одмаздува на неговото ментално здравје. „Јас сум тимски играч, сакам да работам со луѓе. Карантинот ме заморува ментално. Искрено, тешко ми е да станам наутро, да одам во теретана и да вежбам “, додаде тој.

Поради ова, тој разговарал со спортскиот психолог Џеф Троеш, кој го мотивирал да продолжи со режимот што го започнал. По 30 дена, тој ја постигна својата цел и изгуби 1,04 килограми маснотии.

  • „Навистина сум горд на мојата трансформација. За само 30 дена да успееме во вакво нешто… Ова е само почеток “, заклучи тој.

Погледнете го видеото каде тој го објаснува својот процес:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *