Омилените чевли ви прават проблем? – пробајте го следново

2 јуни, 20200
Cipele-1

Тешко дека некоја жена ќе рече дека чевлите се неважен дел од нивниот живот. Да се разбереме може се да направите но не и да и контрирате за чевлите, торбите и облеката.

Жените просечно имаат околу 26 пара чевли, а меѓу нив има и некој пар кој со сигурност и прават плускавци и тоа до таа мерка да ретко ги носат, а може и никогаш.

Немојте ни да помислите да прашате: „Зошто си ги купила ако не ти одговарале?“

За тоа има повеќе причини: биле на намалување, толку ви се допаднале што сте биле спремни да ги носите па дури и да ве стегаат, стапалато тој ден ви биле ок, а сега ви се малку отечени.

Меѓутоа на овие проблеми може да им дојде крај бидејќи постои трик со лед кој ќе ви помогне, односно ќе ги растегне за да ви бидат комотни и да ги носите без проблем.

Потребни ви се две кесички со затварач, вода и замрзнувач.

Кесичките наполнете ги со вода до половина, затворете ги и ставете ги во чевлите што е можно подлабоко кон врвот. Потоа чевлите ставете ги во замрзнувачот и оставете водата да се замрзне. После некое време извадете ги и оставете ледот да се одмрзне некои 20-тина минути.

Чевлите после ова би требало да се проширени и конечно удобни за носење.

Поггледнете го видеото:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi