Оригинал или копија? Еве како лесно да препознаете лажен парфем

12 јуни, 20200
top_dame_parfumer_hi-res

Познатата Коко Шанел на прашањето на една млада жена, каде да стави парфем, таа ѝ одговорила да го нанесе на она место каде што би сакала да биде бакната. Веруваме дека со ова тврдење многумина ќе се согласат. Исто така, постои и верување дека парфемите се клуч до сите заборавени спомени и сеќавања.

За да не дојдете во ситуација да си ја оштетите кожата и општо гледано здравјето, постојат неколку начини кои би  можеле да ви помогнат при купувањето на оригинал парфем.

Проверен извор – Многу е важно парфемите да ги купите на проверени места. Oна што во овие ситуации може да биде проблем, е чувањето на парфемот. Често можете да ги видите на полици под јаки извори на светлина, а светлината и топлината спаѓаат во главните непријатели на мирисот. Доколку ги купувате од Интернет, водете посебна сметка дали се работи за доверлив извор.

Цена – Било која нереална цена може да ви предизвика чуство на сомнеж. Невозможно е да добиете оригинален парфем по цена од 10 или 20 евра. Еднакви цени за сите парфеми е исто така, сомнителна појава и дефинитивно не станува збор за оригинали.

Пакувањето – После цената, ова е вториот важен тест. Кутијата мора да биде правилна, со вистинските натписи и бои. На пример, ако е Chanel никако не смее да биде Channel и слично.

Шишенцето – Повторно, натписите – дали се граматички точни, потоа дали е налепницата правилна и дали е поставена на вистинското место.

Мирис – Ова е дефинитивната пресуда, но тука веќе мора добро да го познавате парфемот. Мирисот на парфемот којшто е копија, најчесто трае од еден до два часа. Меѓутоа, постојат арапски копии, коишто користат јака компонента, па тука мирисот може и подолго да се задржи. Но, мирисната композиција на тие парфеми е премногу “слатка”. Ќе ги препознаете по тоа што, копијата би требало да задржи една мирисна нота, додека оригиналот менува најмалку две ноти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi