ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ИСПУКАНИТЕ ВРВОРИ СО САМО 3 ЧЕКОРИ: Девојка сподели совет од својата мајка (фризерка) и распамети милиони жени во светот

31 август, 2020
Capture-24-e1591706167806

Веднаш се гледа како се издвојуваат испуканите врвови, а потоа со ножици оди по извртената жичка и ги отсекува испуканите врвови.

Ако водите битка со испукани врвови, што ја прави вашата коса да расте побавно, не е потребно да одите секогаш во фризерски салон. Овој домашен трик на Тиктокерика Стефани Вилијамс, чија мајка е фризер, стана вирален од моментот кога првпат ја виде светлината на денот.

Цврсто извртете го секој прамен

Стефани објасни на видеото како да се реши проблемот со испукани врвови на начин што прави косата да изгледа поздраво веднаш.

@stef_fit

Stop split ends & means hair won’t break off so easily, trick my mum told me 🥰Curly hair straighten it first ❤️ #hairtut #chopshop #fyp

♬ Like That X Sunday Best – rapidsongs

 „Спречете го пукањето на краевите бидејќи на тој начин косата ќе биде потешко да се оштети, тоа е трикот што ме научи мајка ми. Девојките со виткана коса треба прво да ја исправат косата “, напиша Вилијамс покрај видеото, во кое прво ја одделува косата, а потоа го чешла секој индивидуален прамен и ја врти полека, но цврсто.

Испуканите врвови се издвојуваат самостојно

Веднаш е видливо како се издвојуваат испуканите врвови, а потоа со ножици таа оди по извртениот прамен и ги отсекува испуканите врвови. Таа истакна дека овој трик може да се повтори во просек на секои три недели.

Жените кои го послушале овој совет генерално се воодушевени од резултатот. „Го испробав овој трик и косата навистина почна многу да ми расте“, откри една од следбениците на Стефани на „ТикТок“, но голем број жени предупредуваат дека ова виткање на косата може да предизвика нови испукани врвови, па затоа секој треба да го прилагоди овој совет на својата коса.

escort - Korsan taksi