Освестете се! Ова се знаци дека трошите време на погрешна личност!

6 мај, 20200
врска

Незадоволството е првиот знак во лоша врска или врска на која и е дојден крајот. Потоа следи чувството на самотија, емоционална исцрпеност, чести конфликти и непланирање на заедничка иднина.

Доколку ги чувствувате овие работи а сте во врска, потребно е да се преслушате дали треба да останете во неа.

За ова ќе ви биде потребно многу храброст и самодоверба за да си признаете дека партнерот не бил за вас, не умеел да ве цени и ги занемарувал вашите потреби. Друга важна работа е да решите дали врската ја одржувате само затоа што ви е навика. Доколку е така, време е да се ослободите, без разлика колку тешко тоа ќе ви биде.

Иако не сакаме сите на ист начин, сепак постојат работи без кои една здрава врска не може да функционира нормално и во која не би биле среќни.

Тука се мисли на меѓусебно разбирање, способност да разговарате со партнерот и заеднички да најдете решение за проблемите. Треба да чувствувате поддршка од него, да имате заеднички интереси, партнерот треба да ве познава доволно за да знае како да постапи во дадени ситуации, а секако треба да има и взаемна доверба.

И можеби најважната работа во една врска која покажува колку сте блиски и колку навистина се познавате, е пред партнетот да бидете она што навистина сте- без маски, без преправања и без страв од реакциите од другата страна.

Ако се препознавте во горенаведените примери и често ви се случува да бидете тажни, меланхолични, да чувствувате празнина, незадоволство, треба да донесете одлука да започнете нов почеток запрашувајќи се дали е вредно да се остане во таква врска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi