Осветлете ја сами косата без да одите на фризер!

8 мај, 2020
kosa

Иако фризерските салони се отворија, сепак попаметно е да ги избегнувате уште некое време. Овој едноставен трик ќе ви помогне косата да ви изгледа средена, а ќе успеете и да заштедите пари.

За оваа техника ви е потребен само еден лимон.

Во чаша со топла вода исцедете еден лимон и добро промешајте. Можете да употребите и 2-3 лимони доколку имате долга коса, но водете сметка секогаш да имате повеќе вода од лимонов сок.

Измијте ја косата и исушете ја со пешкир, а потоа нанесете ја оваа природна боја. За да биде третманот поефикасен потребно е да стоите на сонце еден или два часа, додека косата не се исуши природно.

Резултатот треба да биде посветла коса за три нијанси. Овој трик ќе биде поефикасен доколку косата не ви е бојадисана.