Откриен уште еден НОВ симтом на Ковид-19

10 август, 20200
shutterstock-830x0

И врапчињата на гранките веќе знаат дека основните симптоми на коронавирусот се температурата, постојаната кашлица како и губењето на мирис и вкус. Како и да е, може да бидете изложени на ризик од коронавирус доколку го развиете и овој необичен симптом на вашата кожа.

Еден од невообичаените предупредувачки знаци на коронавирус е осип на кожата, кој обично се појавува во форма на црвени дамки што чешаат, според апликацијата „Covid Symptom Study“.

Точките може да бидат благо проширени и најверојатно може да трае неколку недели.

Иако осипот може да влијае на кој било дел од телото, најверојатно се развива на лактите и колената.

– Тие треба да се сметаат за клучни дијагностички знаци на болеста што може да се појават дури и кога нема други симптоми. Откриено е дека дури 8,8 проценти од луѓето кои имале позитивен тест, имаат осип како дел од нивните симптоми – рече д-р Вероника Батил од колеџот „Kings“ во Лондон.

Постојат неколку вирусни инфекции кои влијаат на кожата, па затоа не е големо изненадување што короната има сличен ефект, додаде таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *