Откриен уште еден симптом на Ковид 19 кој е поврзан со сетилото за вкус!

29 декември, 2020
povracanje


Губење на сетилото за мирис е еден од симптомите на ковид 19, но оние на кои им треба подолго време да се опорават од оваа болест, велат дека чувствуваат непријатен мирис дури и неколку месеци откако биле заразени со коронавирусот.

Остриот, непријатен мирис на риба, сулфур и нешто слатко може да биде еден од симптомите што се јавуваат кај луѓе кои се опоравуваат подолго од ковид.


Губење на сетилото за мирис професионално се нарекува парозмија и тоа е еден од најчестите симптоми кај пациенти со ковид-19. Клучен наод на студија спроведена од истражувачи од UCL и UCLH е дека акутното губење на мирис и вкус е најчестиот индикатор за вирусно заболување.

Експертите открија дека губењето на мирисите се јавува затоа што вирусот ги оштетува нервните завршетоци на рецепторите во носот, и токму овие рецептори му кажуваат на мозокот како да ги толкува хемиските информации создадени од мирисите. Ако овие рецептори се оштетени, може да се појави паросмија.

„Кафето имаше ужасен вкус, а кога ги миев забите со паста за заби, се чувствував како да ги мијам со бензин, беше ужасно, повраќав“, изјави Сара Говје, пациентка која имаше корона.

И мирисите беа ужасни. „На почетокот, сè мирисаше скоро исто. Кафето мирисаше како некој да пуши или мирис на чад од издувните гасови од автомобилот. Кромидот и лукот страшно смрдат, не можам ни да го опишам. Бидејќи ова се главните состојки во скоро секој оброк, готвењето стана предизвик “, открила оваа мајка на две деца.

escort - Korsan taksi