Откриена е вистинската причина зошто мажите ги изневеруваат своите партнерки: Сè повеќе, проблемот се јавува поради OВА!

7 октомври, 2020
shutterstock776876626-830x0

Неверојатно …

Една нова студија ја откри вистинската причина зошто мажите изневеруваат.

Емотивното изневерување предизвикува голема болка и разочарување, но се чини дека жените им простуваат афери на своите партнери многу брзо.

Една нова студија покажа дека жените повеќе простуваат „љубовни излети“ отколку мажите, со 60 проценти од понежниот пол подготвени да ја оправдаат својата друга половина.

Само 38 проценти од мажите би го сториле истото, покажуваат резултатите од студијата.

Во истражувањето, спроведено од водечката британска страница за запознавање „Illicit Encounters“, учествувале 1.200 лица.

Повеќе од половина жени изјавија дека можат да го „сменат“ својот партнер и да ги убедат да не изневеруваат повеќе, додека само 20 проценти од мажите го дадоа истиот одговор.

Истражувањето открило и дека мажите поточно изневерувале токму поради подготвеноста на жената да прости неверство.

– Ако е помалку веројатно да имате последици поради вашите постапки, тогаш нема да имате проблеми да постапувате во согласност со вашите желби. Со други зборови, ако знаете дека можете да имате афера и да се „извлечете“, што ве спречува да изневерувате? праша Кристијан Грант, портпарол на компанијата за запознавање.

Дали мислите дека ова навистина може да биде вистинската причина зошто мажите изневеруваат?