Откриено е колку дена трае инфекцијата со Kорона вирусот дури и кога PCR тестот дава позитивен резултат по неколку недели

8 септември, 2020
1595762842208-corona-54012501920-1-830x0

Научниците забележале колку всушност е ограничен PCR тестот

Тестовите за корона вирусот се толку чувствителни што можат да откријат траги на неактивни вируси на инфекција кој поминал пред неколку недели, што може да резултира со лажно позитивни резултати кои ја зголемуваат големината на пандемијата, покажа истражувањето на британските научници од Оксфорд, пренесува Танјуг.

Научниците од тој универзитет велат дека повеќето луѓе се заразни само седум дена, но дека тестовите можат да покажат позитивен резултат со недели после тоа, што значи дека бројот на заразени во моментов може да биде помал отколку што се смета.

Еден од авторите на студијата, професорот Карл Хенеган, смета дека тестовите за ковид-19, наместо „позитивни / негативни“ резултати, треба да имаат праг што нема да покаже позитивен резултат доколку вирусот е присутен во многу мала количина.

Тој верува дека остатоците од делови на неактивни вируси може делумно да објасни зошто бројот на заразени лица во моментов се зголемува во Велика Британија, додека бројот на пациенти во болниците стагнира.

Центарот за применета медицина на Универзитетот во Оксфорд ги испита наодите од 25 студии кои анализирале дали примероците од вирусот ќе се развијат во садот Петри во лабораторија.

Овој метод на „вирусна култура“ во лабораторијата може да покаже дали со позитивен резултат од тестот ќе се открие активен вирус, оној што може да се размножува и шири, или само фрагменти од вирусот кои не можат да се репродуцираат ниту во човечкото тело ниту во лабораторијата.

Овој проблем е познат уште од почетокот на пандемијата и уште еднаш укажува на степенот до кој податоците за ковид-19 се далеку од совршени.

Како се прави PCR-тест?

Тестот за брисеви PCR е стандарден дијагностички метод кој користи хемикалии кои го зголемуваат генетскиот материјал на вирусот, за да може понатаму да се изучува.

Примерокот поминува низ неколку „циклуси“ во лабораторијата пред да се добие доволно количество вирус за тестирање.

Бројот на циклуси може да биде начин да откриете колку вируси всушност носите внатре, односно дали се мали остатоци или не.

Тестовите што треба да поминат низ неколку циклуси имаат помала веројатност да предизвикаат репродукција на вирусот кога ќе пораснат во лабораторија.

Кога се прави тест за коронавирус, се добива „позитивен / негативен“ одговор. Нема индикација за тоа колку вируси има во примерокот и до кој степен се активни.

И лицето кое има голема количина на вирус во себе и оние на кои им останале само фрагменти од вирусот од инфекција што веќе поминала, ќе го добијат истиот – позитивен резултат.

Професорот Хенехан, кој забележа грешка во начинот на регистрирање на смртните случаи, што го наведе англискиот институт за јавно здравје да го подобри системот, вели дека доказите сугерираат дека „инфективноста на коронавирусот се чини дека опаѓа по околу седум дена“. Објави Хина.

escort - Korsan taksi