Oткриено ЗОШТО корона вирусот убива повеќе мажи од жени! Научниците конечно дојдоа до закчучок

1 септември, 2020
корона

Коронавирусот убива мажи повеќе од жени затоа што машкиот имунолошки систем има помал одговор на Т-клетките, кој ги уништува клетките заразени со вирусот, е револуционерно откритие на научниците од Универзитетот Јеил во Америка, објавено минатата недела во списанието „Природа“.

Механизмот на инфекција

Имено, некои типови на Т-клетки можат да ги уништат клетките заразени со вирусот, додека други видови му помагаат на телото да произведе антитела кои спречуваат вирусот да ја инфицира клетката. Научниците објавија дека мажите имаат понизок одговор на Т-клетките отколку жените, што е поврзано со идно влошување на болеста. Сепак, студијата е спроведена на релативно мал примерок за научниот свет, само 17 мажи и 22 жени, кои биле примени во болницата откако биле позитивно тестирани за коронавирус.

Сабра Клајн, професор по молекуларна микробиологија и имунологија на Универзитетот Џонсон Хопкинс, вели дека ново истражување покажало дека машкиот имунолошки систем реагира на коронавирусот поинаку од женскиот.


– Мислам дека оваа студија дава возбудливи траги во имунолошките реакции, кои се разликуваат помеѓу мажи и жени кои се заразени со вирусот САРС-КоВ-2, но не ни кажува за механизмите поради кои мажите умираат двојно почесто од вирусот.

Жените со коронавирус имаа покачен одговор на Т-клетките во споредба со мажите. Кај мажите, можеби е потребно да се интензивира одговорот на Т-клетките, можеби со вакцина, за да се спречи влошување на болеста. Од друга страна, кај жените можеби ќе треба да „замаглиме“ одредени реакции на цитокини, односно да спречиме бура со цитокини, што може да биде предизвикано од премногу силен одговор на Т-клетки за време на инфекцијата, за да се спречи влошување на болеста, изјави д-р Клајн за американските медиуми.