Ова е еден од најчестите симптоми на Ковид – 19: Поврзан е со очите, а го почуствувале 81% од луѓето!

19 декември, 2020
oko-korona-virus-1-830x0

Симптомите на Koронавирусот се доста широки – од постојана кашлица, преку треска, до гастроинтестинални проблеми. Сега, резултатите од новата студија обезбедија повеќе разбирање за тоа како вирусот патува низ телото и како може да влијае на очите.

Болката во окото е најзначаен показател за Ковид – 19, според новата студија објавена во списанието BMJ Open Ophthalmology. Истражувачите од универзитетот „Англија Раскин“ побараа од сите луѓе кои имаат потврдена дијагноза на Ковид, да пополнат прашалник за нивните симптоми, откако дознале дека се позитивни.

Студијата открива дека пецкањето и болката во очите се значително почести кај оние кои имале Ковид, додека само 5 проценти рекле дека почувствувале вакво нешто пред да го добијат вирусот.

Од 83 испитаници, 81 процент пријавиле проблеми со очите во првите две недели од инфекција со Корона. Од нив, 80 проценти рекле дека проблемите со окото траат помалку од две недели.

Конјунктивитис како знак за Ковид – 19?
Извештајот објавен во март во списанието JAMA Ophthalmology открива дека скоро една третина од мал примерок на испитаници во кинеската провинција Хубеи, имале „очни манифестации“ на вирусот.

Повеќето луѓе кои ги пријавиле овие симптоми, имале потешкаа слика. Сепак, само еден од нив имал конјунктивитис како прв симптом.

Така, многу се запрашуваа може Ковид да влијае на очите воопшто, а помалку што предизвикува конјунктивитис.

На почетокот на пандемијата, експертите открија дека додека повеќето луѓе го „земаат“ вирусот преку нос или уста, тој може да влезе и преку очите.

Очите се покриени со мукозна мембрана, односно густа заштитна течност. Оваа мембрана првенствено спречува нечистотијата и прашината да влезат во телото преку очите, но осигурува дека тие остануваат хидрирани. Сепак, за Ковид-19, оваа мукоза станува лесно пристапна точка.

Покрај тоа, вирусот може да се шири и низ солзи. Ако, на пример, вашите солзи паднат на некоја површина, мора веднаш да ја дезинфицирате.

escort - Korsan taksi