Ова е единствената боја која ја носи Карла Бруни:Стилот на поранешната манекенка и првата дама на Франција се сведува на црно,црно и ЦРНО!

13 мај, 20200
Carla+Bruni+Sarkozy+Dresses+Skirts+Little+jd4soCwmKeXx

Ретко ќе видите која било боја освен црна на Карла Бруни. Тоа се случува во многу ретки и исклучителни прилики.

Поранешниот топ-модел, ѕвезда на модните писти од 90-тите години, која ги делеше со Наоми Кембел, Синди Крафорд, Хелена Кристенсен, Линда Евангелисти и Клаудија Шифер, е многу прибирлива кога станува збор за нејзиниот стајлинг. Поточно, кога станува збор за боите.

Сопругата на поранешниот француски претседател Никола Саркози носи само една боја во речиси секоја пригода – црна! Без разлика дали станува збор за фустан, панталони, јакна, комбинезон или некој друг предмет за облека или додаток, Карла се одлучува за црно.

Иако, со лесен тен и убави зелени очи, сигурни сме дека и други бои би и одговарале многу добро, но тоа многу ретко се гледа.

Имено, при изработката на оваа галерија, успеавме да најдеме само една фотографија во која Карла не е во црна боја.Може да се случи да ја видите со торба или некои детали во различна боја,но тоа се случува ретко!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *