Ова е најважната работа што МОРА да ја направите за да спречите ширење на коронавирусот во домот

20 ноември, 2020
kijanje-korona-virus-830x0

Се препорачува прозорците и во зима да бидат отворени

Луѓето се повикуваат да ги држат прозорците отворени во зима за да го намалат ризикот од инфекција со коронавирус затоа што свежиот воздух во затворените простории може да го намали ризикот од инфекција за над 70 проценти!

Експертите препорачуваат луѓето редовно да ги отвораат прозорците најмалку 10 до 15 минути во текот на денот или постојано да ги оставаат прозорците отворени во текот на ноќта.

Без редовна вентилација, честичките на вирусот можат да останат суспендирани во воздухот со часови и да се акумулираат со текот на времето.

Затоа, вентилацијата во затворените простории особено се препорачува кога едно лице во домаќинството е заразено.

– Кога некое лице нема свеж воздух и каде што луѓето создаваат големи количини на аеросоли со активности како што се пеење или гласен говор, најверојатно ќе се пренесе корона вирусот. Свеж воздух мора да доаѓа однадвор за честичките да не се движат низ просторијата – истакнува професорката Кетрин Хоукс од Универзитетот во Лидс.

Таа исто така посочува дека системите за вентилација можат да бидат корисни.

– Аспираторите или сите системи за домаќинство кои користат надворешен воздух можат да бидат подеднакво ефикасни како и отворање прозорци или врати се додека тие ја ограничуваат повторната циркулација на истиот воздух.

escort - Korsan taksi