Ова мора да е шега: Еве што тетовираше еден човек за да си ја врати сопругата.

1 септември, 2020
тетоважа

На социјалната мрежа „Редит“ неодамна се појави фотографија што заинтригира многу корисници. Иако на прв поглед се чинеше дека станува збор за фотографија од исклучително необична тетоважа, се покажа дека зад неа стои многу подлабока приказна.

Имено, еден човек по име Хозе ја изневери својата сопруга и за да и ја врати довербата, тој се согласи да го истетовира следниов текст на градите и стомакот:

– Јас, Xoзе, доброволно се тетовирам на 2 јануари 2019 година, со цел да ја вратам довербата на сопругата поради болката и страдањата што и ги нанесов за време на бракот.

Јас сум:

Лажгo. 

Измамник.

Манипулатор.

Mашка проститутка.

Нечесен и нелојален.

Иако тетоважата беше направена во јануари минатата година, нејзините слики започнаа да кружат на Редит овој месец.

Многумина изјавија дека никогаш не би направиле слични тетоважи по секоја цена, а некои се сомневаа во автентичноста на фотографијата.

– Ова мора да е Фотошоп.

– Xoзе нема почит кон неа … И сега кон себе. Проклето – вели еден груб коментар.

Дали би го „казниле“ вашиот партнер на овој начин доколку се најдете во слична ситуација?