Ова се најголемите непријатели на добриот сон

4 јуни, 20200
Devojka-spava

Колку пати до сега ви се има случено да легнете, а никако да не можете да заспиете? Што и да пробувате да направите едноставно не можете да престанете да се вртите низ креветот.

Доколку не можете да заспиете, има неколку работи кои треба да ги правите но и работи кои треба да ги избегнувате пред да си легнувате, како на пример:

Читање пред спиење

Голем број на луѓе обожаваат пред спиење да читаат, но проблемот е во тоа што организмот ќе се навикне па не можете да заспиете додека не прочитате неколку страници. Избегнувајте го читањето пред спиење и оставете организмот да се одмори. Ако веќе не можете без читање тоа нека биде некоја лесна и забавна тематика, никако некои тешки драми, хорор приказни или слично.

Facebook за добра ноќ

Светлината на екранот, дали е од компјутер или од мобилен телефон, ја стимулира работата на мозокот и поради тоа му е потребно повеќе време да се исклучи. Избегнувајте пред спиење да проверувате што има ново на Facebook или други социјални мрежи.

Важно е на што спиете

Иако квалитетните душеци се скапи, тие ќе ви пружат мирен и квалитетен сон. Истото важи и за јастуците. Ако спиете на грб или стомак, одберете помек душек, додека ако спиете на страна одберете потврд.

Дигитален будилник

Најважно е да спиете во потполен мрак, а светлото од дигиталниот будилник може да ви смета додека се обидувате да заспиете. Во овј случај најдобро е да го користите алармот од мобилниот телефон.

Немојте да останувате во кревет

Доколку не можете да заспиете, нема поента да останете во кревет. Ако не можете да заспиете подолго од 30 минути тогаш треба да гледате ТВ односно да работите нешто што бара минимален мозочен напор, советуваат од американската Национална организација за спиење.

Вежбање во доцните часови

Избегнувајте го вежбањето 3 часа пред спиење бидејќи интензивната физичка активност ја подигнува телесната температура и нивото на енергија. Поради тоа на вашиот организам ќе му биде потребно повеќе време да се смири и заспие.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi