Ова се тајните на совршениот изглед на Адријана Лима- бразилската убавица се колне во овие ритуали за убавина!(ФОТО/ВИДЕО)

5 август, 20200
лима

Бразилскиот топ модел Адриана Лима ги открива своите ритуали за нега на лицето, телото, како и несекојдневните потези во шминкањето, а зборува и за навиките во исхраната и вежбањето заради кои и понатаму изгледа како бомба и е една од најбараните манекенки на светот.

Must-have производ за убавина

Мојата тајна на некои ќе им биде чудна, но јас никогаш не ја вадам маскарата од трепките, особено во текот на летниот период, само ја додавам. Некогаш намерно со маскарата го допирам крајот на окото, односно делот на кожата на капакот кој е најблиску до окото за да делувам малку неуредно.

Инстант сјај на лице

Ако сакате кожата да ви изгледа ненашминкано, а со здрав привлечен сјај, измешајте илуминатор или хајлајтер со вашиот дневен крем. Ќе ви даде убав, дискретен и природен сјај.

Двострука намена

Кога сакам свеж и одморен, но и младешки изглед, земам црвен или розев кармин и со врвот на прстите го нанесувам на јагодиците. Правам и обратно- некогаш нанесувам руменило на усните.

View this post on Instagram

😩Tired😩

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima) on

Навлажнете го моливчето за очи

Многу жени имаат проблем да ја исцртаат линијата на окото бидејќи моливчето за очи им е премногу суво. Затоа можете малку да го навлажните и на тој начин подобро се исцртува линија која е многу попрецизна.

Боровници, капини и зеленчук

Капините, боровниците и зеленчукот подготвени на пареа треба да бидат вашата здрава ужинка. Јадам шпаргла, спанаќ, а боровниците и капините ќе ви помогнат да ги согорите масните клетки во организмот, па наместо чипс, слободно јадете ги.

Тренинзи за најдобри резултати

Сакам да се потам, обожавам напорни тренинзи. Скокање на јаже е идеална вежба, можете да ја правите секаде, но минимум треба да скокате 10 минути. Ќе изгубиде подеднакво калории како да сте трчале 35 минути. Кога скокам на јаже еден час, губам 1000 калории.

Совршено за коса

Ако сакате косата брзо да ви расте купете ленено масло или мелено ленено семе и додајте го во оброците. Косата ќе ви биде неспоредливо посјајна и поздрава.

Не морате да ја миете косата секој ден

Ако имате сува коса не морате да ја миете секој ден. Ако имате екстремно сува коса доволно е да ја миете еднаш неделно. Доколку многу се потите, користете сув шампон.

Спас за влакната

Кератинското исправување на косата се покажа одлично за брановита и сува коса. Одам на третман на секои два месеци и косата од третманите ми е многу посјајна и поздрава.

Нахранете ја кожата однатре

Многу е важно да не јадете брза храна, сиромашна со нутриенти и витамини. Кожата, ноктите и косата ќе ви блескаат доколку внесувате здрави намирници. Никакви третмани не можат да бидат замена за нив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi