Оваа 50 годишна блогерка не престанува да ја воодушевува јавноста

14 август, 2020
блогерка 2

Шпанската модна блогерка Кармен Гимено е најдобар доказ дека годините се само бројка, бидејќи не престанува да го воодушевува модниот свет со фантастични комбинации. Што е најважно, за нив никогаш не троши богатство.

Благодарение на инфлуенсерките како неа, на многу дами им се откриени модни парчиња по пристојна цена.

Тога го потврдила и со фотографија од бел фустан со украсни црвени цветови потпишан од H&M. Фустанот е еден од најпродаваните парчиња.

Иако е позната по својата вештина на успешно комбинирање на лелеави и женствени модели на трендовски фустани со патики, оваа блогерка со фустанот потпишан од H&M искомбинирала сандали од коноп со потпис на брендот Nomadic State of Mind.