ОВАА ЗАБАРКА Е БОЖИЦА НА ВЕЧНАТА МЛАДОСТ! Има 51 година, а по изгледот личи на годините на својата ќерка! Ова е нејзината ТАЈНА!

12 мај, 2020
naslovna

Li Su Jin има 51 година и како стоматолог живее и работи во Јужна Кореја. Таа стана позната поради младешкиот изглед и фотографиите што се шират низ целиот свет преку Инстаграм.

https://www.instagram.com/p/B_tsc6UHKQH/?utm_source=ig_embed

Луѓето се воодушевени од нејзината младоликост,а некои дури и во друштво на нејзината ќерка не можат да препознаат која е мајката, а која е ќерката.Нејзините фотографии станаа вирални на азиските друштвени мрежи, а со тоа беа пренесени и од регионалните и светските медиуми. Поради нејзиниот младолик изглед, таа беше наречена божица  на вечна младост, пренесува Oddity Central. Таа уживаше во вниманието што го привлече благодарение на нејзиниот изглед, па почна да се објавува уште повеќе по социјалните медиуми. Во еден момент, нејзината ќерка, наводно, ја обвинувала дека е зависна од селфи, но потоа нивната врска се подобри и тие често позираа заедно, а честопати луѓето мислеа дека се сестри.

Некои велеа дека Ли е вампир, додека други беа убедени дека таа правела пластична операција. Сепак, виетнамската страница што неодамна пишуваше за неа, како што јави Index, пишува дека таа никогаш не поминала под нож.

Клучот за нејзиниот младешки изглед, вели таа, е балансиран начин на живот, оптимизам и нега на кожата.

https://www.instagram.com/p/B_hnDvXHgYx/?utm_source=ig_embed