ОВЕНОТ ужива во неделниот одмор, БИКОТ прави планови за понеделник

14 јуни, 2020
unnamed

Водолијата максимално го користи слободниот ден, Ракот е спремен за нови одлуки  

ОВЕН

Работа

Не се одморивте доволно од минатата недела, затоа денес се препуштате на одморот, Не сакате да ја спомнувате работата, а ни да мислите на понеделник.

Љубов

Потполно сте расположени за неактивен ден. Затоа му предлагате на партнерот да не примате гости и да се посветите на заедничкото неделно слободно време.

Здравје

Потребен ви е одмор.

БИК

Работа

Интензивно размислувате за разговорот кој треба да го остварите во понеделник. Правите планови во главата додека вежбате пред огледало.

Љубов

Верувате дека поубава личност до сега не сте запознале. Вашата глава е во облаци.

Здравје

Се чувствувате добро.

БЛИЗНАЦИ

Работа

Отфрлете ги дилемите и размислувајте рационално тоа е она што ве води на прав пат. Нема грешки само напред.

Љубов

Личност од минатото може да ви донесе главоболка. Вие раскинавте со неа но таа сеуште не е на чисто со вас. Сака само еден разговор.

Здравје

Внесувајте повеќе витамини.

РАК

Работа

Со променливо расположение сте, но денеска сте подготвени за нови одлуки. Правите план за следната недела.

Љубов

Сакате личност која не е покрај вас. И ги додадовте сите доблести кои вас ви се допаѓаат. Многу ја идеализирате личноста за која реално малку знаете.

Здравје

Без тегоби.

ЛАВ

Работа

Вашите деловни принципи се на испит. Некогаш е потребно мало попуштање за да ја завршите работата.

Љубов

Вие сте потполно во љубовна атмосфера, живеете за љубовта, размислувате на љубов и по цел ден мислите на саканата личност.

Здравје

Потребно е да внесувате повеќе течности.

ДЕВИЦА

Работа

Сакате нова работа, а старата не сте ја завршиле. Некако се ви е измешано. Подредете ги работите по приоритет и ќе ви биде многу полесно.

Љубов

Повторно сте во дилема. Срцето ви кажува едно, а разумот друго. Никако да ги усогласите потребите и желбите.

Здравје

Добро.

ВАГА

Работа

Нова работа е пред вас. Спремни сте за нови предизвици, бидејќи сте полни со самодоверба.

Љубов

Динамичен ден за љубовни игри. Добивате потполна поддршка од партнерот.

Здравје

Одлично.

ШКОРПИЈА

Работа

Креативни сте, динамични и полни со идеи за нови проекти. Имате толку многу извори на мотивација што не можете да спиете од сопствените планови.

Љубов

Можно познанство со магична и мистериозна личност. Нова љубов се буди.

Здравје

Добро се чувствувате.

СТРЕЛЕЦ

Работа

Зависи како го гледате овој ден но вие сте на крајот и во настанувањето на нов почеток. Еден по еден плановите полека се остваруваат.

Љубов

Двојни врски се возможни баш кога е време за опуштање. Чувајте се од љубовниот триаголник, нека остане тајна.

Здравје

Без тегоби.

ЈАРЕЦ

Работа

Кога би можеле истовремено да стоите и да се движите, тоа би било супер. Потребно е да се помрднете од место додека не сте пуштиле корења.

Љубов

Можен влез во сериозна врска со Рак или Бик.

Здравје

Одлично.

ВОДОЛИЈА

Работа

Денот за неделна пауза го користите максимално, Не бевте ни свесни колку сте преморени.

Љубов

Љубовта е насекаде околу вас, но вие тоа не го гледате. Отворете ги очите и погледнете околу себе.

Здравје

Одлично.

РИБИ

Работа

Како и секогаш, на крајот нов почеток. Работите ви се нижат една по друга. Преуморни сте.

Љубов

Вашите избори не се погрешни, туку во вашиот живот влегуваат погрешни личности.

Здравје

Добра општа состојба на организмот.