Овие 8 намирници може да ве остават без енергија

11 април, 20200
naslovna

Дали понекогаш се будите целосно исцрпени без посебна причина?

Има денови кога, без оглед на тоа колку спиеме, едноставно немаме доволно енергија. Најчесто не ни помислуваме дека ова чувство може да биде последица на нашата диета, затоа откријте подолу која храна може да доведе до чувство на замор.

Тестенини

Јаглените хидрати обично се енергетски засилувачки, меѓутоа сепак рафинираните јаглени хидрати можат да го подигнат нивото на шеќер во крвта и да предизвикаат паѓање на инсулин – поради што понекогаш се чувствуваме уморни и слаби откако јадеме голема количина тестенини.

Сок од портокал

Повеќето сокови од портокал што ги купуваме во продавниците содржат сируп од пченка (кој е полн со фруктоза) и дополнителни шеќери, како и вештачки вкусови и бои. Затоа, треба да го земете портокалот и да го изедете свеж.

Јогурт

Чистиот јогурт или грчкиот јогурт се фантастични и добри за вашето здравје, но повеќето други јогурти не се. Тие можат да содржат сируп од пченка, вештачки засладувачи и вештачко овошје, како и други хемикалии кои на вашето тело навистина не му требаат.

Житни снегулки

Повеќето житни снегулки се преполнети со сируп од пченка, шеќер, модифицирана пченка и други хемикалии и рафинирани јаглени хидрати. Иако првично може да доживеете наплив на енергија од целиот тој шеќер, набрзо ќе почувствувате ненадеен пад.

Газирани сокови

Газираните сокови се преполни со шеќер, а слично на житните снегулки и кафето накратко ќе го подигнат нивото на шеќер во крвта, по што ќе се случи ненадеен пад.

Мисиркино место

Мисиркиното месо содржи природен седатив наречен триптофан – тоа е аминокиселина која се користи од страна на организмот за производство на витамин Б3 и серотонин и регулирање на циклусите на спиење. Исто така, потребно е многу енергија за варење на кожата од мисирката, поради што нашето тело ја пренасочува крвта во дигестивниот систем, што на крајот може да ве остави без енергија.

Бел леб и пецива

Рафинираниот скроб исто така го зголемува шеќерот во крвта, така што консумирањето бел леб дефинитивно ќе ја истроши вашата енергија. Можете да го замените белиот леб со леб од цели зрна, кој е богат со растителни влакна.

Пржена храна

Пржено пилешко, помфрит, чипс – сето ова звучи навистина вкусно, но само ако имате слободен ден за лежење. Поради пржената храна, вашиот дигестивен систем треба да работи напорно за да ја процесира целата таа маст, што без сомнение ќе ве остави со помалку енергија.

Дали понекогаш се чувствувате уморни после консумирање на некоја од овие намирници?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi