Овие вежби за мозокот ќе ја подобрат вашата меморија, концентрација и уште многу други функции

9 јули, 20200
mozok

Вежбите за мозокот се серија едноставни вежби кои ја подобруваат работата на мозокот, пишува Стилекразе. Иако првенствено се направени за деца, докажано е дека имаат подеднакво добар ефект и врз возрасните.

Студиите покажаа дека редовното вежбање го намалува ризикот од Алцејмерова болест, дијабетес, срцеви заболувања, карцином и респираторни заболувања и дека делуваат како антидепресиви.

Зошто се добри овие вежби во мозокот?

Тие ве прават попаметни и помудри

Тие ја зголемуваат вашата самодоверба

Тие ги оживуваат вашите природни лековити механизми

Тие ги подобруваат здравјето и хармонијата

Тие помагаат во подобрување на видот

Ги подобруваат креативноста и комуникациските вештини

Тие ви даваат поттик кога се соочувате со разочарувања или одбивања.

Марширање во место

Ова е одлична вежба за загревање на мускулите.

1. Застанете исправено и раширете ги нозете во ширина на рамената, повлечете ги рамената наназад, подигнете ги градите и гледајте право

2. Подигнете ја десната нога од подот и малку свиткајте го десното колено. Нежно вратете ја десната нога назад на подот

3. Подигнете ја левата нога од подот и малку свиткајте го левото колено. Лесно вратете ја левата нога назад на подот

4. Повторете го ова 30 пати. Можете да користите стол како поддршка ако ви е тешко да марширате без поддршка.

Прекрстување

Оваа вежба е одлична за подобрување на координацијата помеѓу левата и десната страна на вашиот мозок и тело.

1. Застанете исправено со нозете раширени во ширина на рамената, рамената исправете ги наназад, исправете ги градите и гледајте право

2. Подигнете ја десната рака над главата и ова е вашата почетна позиција

3. Подигнете ја левата нога од подот и свиткајте го левото колено. Во исто време, свиткајте го десниот лакт и обидете се да го допрете со левото колено

4. Вратете се на почетната позиција. Направете го истото со левата рака и десната нога

5. Направете три серии од по осум повторувања на секоја страна.

Може да седите на стол и да ја направите оваа вежба ако имате повреда на коленото или ви е тешко да одржувате рамнотежа на телото.

Допирање на глуждот

Оваа вежба е слична на претходната вежба. Помага при подобрување на рамнотежата и координацијата помеѓу левите и десните екстремитети.

1. Застанете со нозете во ширина на рамената, раширете ги рацете на страна со лактите благо свиткани.

2. Подигнете го десното стапало од подот и допрете го десниот глужд со левата рака

3. Вратете ја десната нога на подот и подигнете го левото стапало

4. Допрете го левиот глужд со десната рака

5. Направете 15-20 повторувања.

Допирање на глуждот зад грбот

Ова е втора варијанта на допирање на глуждот и е добар начин за подобрување на рамнотежата.

1. Застанете со нозете во ширина на рамената, раширете ги рацете на страна со лактите благо свиткани.

2. Подигнете ја десната нога од подот. Обидете се да го допрете десниот глужд со левата рака зад грбот. Може да се наведнете малку на страна

3. Вратете ја десната нога на подот и подигнете го левото стапало

4. Обидете се да го допрете левиот глужд со десната рака, зад грбот

5. Направете 15-20 повторувања.

„Степ тач”

Ова е едноставна активност за вежбање на мозокот. Исто така е позната вежба за загревање на играчите и е добра за странично движење и координација.

1. Застанете и приближете ги нозете една до друга

2. Со десната нога направете чекор надесно

3. Левата нога приближете ја до десната нога

4. Сега направете чекор налево со левата нога

5. Десната нога приближете ја до левата нога

6. Повторете го ова 30 пати со умерено темпо.

Кружење на вратот

Ова е добра вежба за мускулите на вратот и координацијата на движењето на главата.

1. Застанете или седнете на стол. Исправете ги рамена и затворете ги очите

2. Спуштете ја главата и навалете ја надесно

3. Поместете го вратот од десно кон назад, од назад кон лево, а потоа надолу. Ова се смета за еден кружен тек

4. Направете 10 повторувања, почнувајќи одлево.

Виткање на рацете

Оваа вежба помага во смирување на нервите и ја подобрува координацијата на мозокот и на рацете.

1. Седнете исправено на столче. Прекрстете го десниот зглоб над левиот зглоб

2. Иправете ги рацете пред вас. Со десната рака преминете преку левата рака и прекрстете ги прстите

3. Свртете ги подлактиците навнатре. Земете шест длабоки вдишувања

4. Ослободете и допрете ги врвовите на прстите. Земете шест длабоки вдишувања

5. Повторете го ова три до пет пати.

„Копче за мозокот“

Оваа вежба помага да се подобри електромагнетната енергија. Помага при опуштање на очите, рамената и вратот и го подобрува балансот на телото.

1. Ставете ја левата дланка на стомакот

2. Ставете ги палецот и показалецот на сантиметар под вашата клучна коска. Движете ги прстите во кружно движење

3. Направете десет повторувања.

„Мрзеливи осмици“

Во оваа вежба со прстите во воздухот го формирате бројот осум и со очите ги следите прстите. Ги подобрува мускулите и координацијата на очите

1. Застанете или седнете. Исправете ја десната рака пред вас

2. Движете ја раката во форма како да го цртате бројот осум или знакот за бесконечност

3. Со вашите очи следете ја раката. Повторете го ова три пати

4. Повторете со другата рака.

„Слон“

Ова е слична вежба како претходната, но се разликува во аголот на движењето на очите. Оваа вежба исто така, ја подобрува координацијата на раката и мозокот.

1. Застанете исправено. Исправете ја десната рака пред вас

2. Поставете ја главата на десната надлактица

3. Со движење на раката нацртајте го бројот осум или бесконечноста

4. Со очите следете ја раката. Повторете го ова три пати

5. Повторете со другата рака.

„Крик“

Оваа вежба помага да се намали тензијата на вилицата и да се релаксираат очите.

1. Поставете ги показалецот и средниот прст со двете раце на вилицата

2. Отворете ја устата и започнете со масажа со кружни движења на вилицата. Повторете го ова пет пати

3. Затворете ја устата и масирајте ја вилицата уште пет пати

4. Повторете го целиот процес десет пати.

„Капа за размислување“

Ова е многу ефикасна вежба за деца и возрасни за подобрување на брзината на учење, меморијата и подобрување на концентрацијата.

1. Седнете на стол. Ставете ги показалецот и палецот на ушето

2. Масирајте го врвот на ушето и постепено лизгајте ги прстите до школка

3. Масирајте назад до врвот на увото. Направете го ова 15 пати.

„Стомачно дишење“

Оваа вежба помага да се зголеми снабдувањето со кислород во телото, помагајќи ви да се опуштите и да ги подобрите вашите вештини за читање и зборување.

1. Станете или седнете. Ставете ја десната рака на стомакот, а левата на градите

2. Вдишете нежно и оставете го стомакот да се подигне

3. Притиснете ги усните и издишете

4. Повторете го ова 30 пати.

„Трага X”

Оваа вежба ја подобрува координацијата на очите и движењата на мускулите на очите.

1. Седнете на стол и затворете ги очите

2. Помислете на буквата X и имитирајте ја со движење на вашите очи

3. Повторете го ова осум пати. Одморете 10 секунди и повторете уште осум пати.

„Позитивни поени”

Оваа вежба помага во подобрување на меморијата и го зголемува расположението.

1. Допрете ги нежно со вашите прсти точките над очите, помеѓу веѓите и линијата од каде започнува косата

2. Затворете ги очите

3. Дишете длабоко и нежно 10 секунди

4. Повторете три пати.

Заклучок

Овие вежби за мозокот се одлични за подобрување на учењето и создавање на рамнотежа и добро држење на телото. Исто така ги подобруваат вниманието, говорот, меморијата и когнитивните функции. Тие имаат ефект врз возрасните, но и врз децата. Разговарајте со вашиот терапевт или доктор и започнете да го тренирате вашиот мозокот со овие вежби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi