Овие знаци се индикатор дека вашето дете користи дрога!

23 јуни, 20200
219841_narkomanija-profi_ls

Оваа цитуација најчесто се случува бидејќи родителите се во негирање и се обидуваат да ја рационализираат ситуацијата и најчесто ова го препишуваат на пубертотот, бунтовноста или едноставно „гтие се годините“.

Наркотиците се делат на две групи: стимуланси или депресанти. Првите предизвикуваат зголемена енергија и еуфорија, пропратени со забрзан пулс и покачена телесна температура, додека депресантите имаа потполно спротивно дејство. Овие психоактивни пупстанции се познати по смирувачкото дејство на организмот, појава на пријатна топлина и смиреност, а ги успорува и работата на бројни витални органи.

Во стимулирачки дроги спаѓаат: кокаин, екстази, спид, метаамфетамин, додека најпознат и најприсутен деспресант е хероинот.

Во зависност од типот на наркотикот која лицето ја конзумира, несаканите симптоми може да бидат различни. Сепак постојат неколку препознатливи знаци кои несомнено укажуваат на користење на психоактивни супстанци.

Од физичките симптоми тука се проширените зеници, осетливост на светлина и раздразнетост – во случан на стимулирачките дроги, додека кај депресантите се чувствува летаргија, отешнат говор (како кога сте пијан), успореност, а зениците се многу собрани.

Животот на корисниците на дрога се сведува само на една работа – како да дојдат до нова доза. И во таа потрага ќе се користат со лага, манипулација, кражба на предмети и пари од дома, но и криминални дејанија кога останатите ресурси ќе пресушат. Исто така сите до еден започнуват да ги запоставуваат дотогашните обврски, а нивниот однос кон околината и семејството ќе се олади и ќе почнат да се кријат низ домот, да се заклучуваат во соба, да спијат повеќе од вообичаеното, а може да се случи да има испади на бес, без конкретна причина. Нивото на емпатија кај корисниците на наркотици паѓа на минимум и стануваат целосно незаинтересирани за нивното опкружување, како и последиците низ кои поминуваат најблиските поради тоа.

Во одредени случаеви може да поминат и неколку меесеци, па дури и година додека најблискиот круг на смејството не сфатат што се случува. Малите знаци кои упатувваат на присуството на наркоманија сепак секогаш постојат, но многумина свесно или не свесно одлучуваат да ги игнорираат.

Кога се во прашање младите лица, тие често мислат дека ченовите на семејството нешто им должат , а дека тие сами не се должни на било кој начин да возвратат на тоа. Она во што најмногу грешат родителите е тоа што мислат дека доколку повеќе го толерираат детето кое се дрогира тоа самото ќе сфати и ке се вразуми, а тоа само ја влошува ситуацијата.

На сите сугестии, молби и предлози тие реагираат бурно и со негодување, а потребна е изразите волја, заедништво, истрајност и решителност на сите членови на семеејстото за да се извлече детето од рацете на наркоманијата и да се постигне долгорочен успех без, релапси.

Истотака ако приметите склоност за асоцијално однесување кога детето се затвора во себе и ибегнува контакт со членовите на семејството и своите врсници, тоа моѓе да биде уште еден јасен знак.

За време на конфликтни ситуации кои се јавуваат со друг член на семејството наркоманите секогаш сметаат дека се во право и по никоја цена нема да отстапат од своето без разлика колку тоа звучи бизарно. Склони се исто и на егоцентрично однесување, да не прифаќаат совети од најблиските дури и кога тие се најдобронамерни тие ги сфакаат како личен запад.

Кога ќе започнат физичките промени пораади користење на наркотици тие се манифестираат преку губење на тежина, тресење на рацете, зголемено потење, ненадејна поспаност, темни подочњаци, крварења од нос (доколку дрогата ја конзумираат со шмркање), чешање на носот делови од лицето и граввата, кивае, благи тешкотии со дишењето и кашлање кои стануваат посериозни кога толеранцијата на наркотиците на организмот расте. Според прагот на толеранција расте и количината на дрога потребна за да се добие потребниот стадиум на мозокот, што со себе носи и голема опасност од предозирање бидејќи на мозокот му е потребна се поголема и поголема количина наркотици за да дојде во потребната состојба, а телото особено црвето поради тоа трпи голем притисок и преоптоварување.

Кога станува збор за наркотиците кои се внесуваат преку крвотокот, не е потребно долго време за да се приметат физичките промени и пропаѓање на телото. Поединци во почетокот носат широка облека и избегнуваат маици со кратки ракави за да ги скријат трагите од иглите, но нивната зависност ретко поминува неприметно.

Без разлика дали станува за наркотик од едениот или другиот тип, екстремната зависност многу брзо се развив, а со неа и резистентноста поради што наркоманите земаат се погомени дози на психоактивни супстанции, а ризиците од тоа се манифестираат преку откажување на бубрезите, тахикардија, слабеење на срцевиот мускул, откажување на црниот дроб, послаба мозочна функција и конечно, во најлошите ситуации ако навремено не се реагира, смрт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi