Овој дел од телото го издава: Дали е заљубен во вас или би сакал само да се забавува?

23 мај, 20200
ljubav

Обрнете внимание на овој дел на неговото тело и дознајте ја вистината…

Кажуваат дека очите се огледало на душата, а тие и те како можат да ви покажат дали тоа што партнерот го чувствува кон вас е љубов или сте му само некоја пролазна авантура – барем така вели науката.

Имено, студијата спроведен на Универзитетот во Чикаго потврдува дека врз основа на движењето на очите кај момчето, можете да дознаете дали сака да се забавува со вас или вистински е заљубен во вас.

Науката вели дека доколку тој воспоставува контакт со очите, макар и на кратко, тоа значи дека со вас е поврзан на емоционален план. Од друга страна, ако не ве гледа во очи туку “шара” со очите по телото, сите шанси велат дека тој би сакал само малку да се забавува…

Водечката авторка Стефани Качиопо, објаснува дека “овие обрасци можат да бидат први знаци како некој вид на автоматски процеси, како гледање, може да се разликуваат од чувствата – љубовта од страста.”

За да ја докажат оваа теорија, научниците на учесниците им покажале фотографии од парови, а на некои од тие фотографии, луѓето гледале директно во камерата. Потоа, учесниците оценувале дали луѓето од камерата се во романтично или страствено расположение.

Припадниците на обата пола оцениле дека луѓето од фотографиите се во романтично расположение кога гледаат во очи, односно во камерата, а дека се во страствено расположение кога го гледаат телото на другата личност.

Секако, тоа не значи дека секој што ќе ве погледне во очи е заљубен во вас, ниту пак секој што ќе ве погледне во тело, сака да ве однесе во кревет….Но кога станува збор за личноста која ви се допаѓа или за партнерот со кој не сте сигурни “на што сте”, движењето на очите може да ви послужат како мал знак…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi