Овој хороскопски знак има најмногу проблеми со довербата!

23 мај, 20200
horoskop

Верувале во хороскоп или не, факт е дека хороскопскиот знак кажува многу за карактерот и личноста на една личност, па да речеме да знаеме кој е најподложен на мамење и кој се однесува како размазено дете во една врска.

Овој пат, експертите за зодијак од PsychicWorld.com спроведоа истражување за кои знаци најмалку им веруваат на своите партнери.
Студијата опфатила 2.112 испитаници кои морале да одговорат на прашањето дали некогаш „копале“ по работите на партнерот како, компјутер, мобилниот телефон и социјалните мрежи во потрага по инкриминирачки докази. Кога пристигнале резултатите, било јасно дека одредени знаци биле повеќе склони кон такво однесување од некои други.


И само да разјасниме една работа, ако некое лице „чепка“ во потрага по нешто, не мора да значи дека со сигурност има проблем со довербата во својот партнер. Понекогаш партнерот е тој кој се однесува на начин што не влева доверба и внесува нервоза во врската.


Сепак, без оглед на причината за нивното сомневање, истражувањето покажа дека Лавовите се оние со најмалку доверба – дури 75% од нив признале дека копаат во интимноста на партнерот, а експертите велат дека ова не е изненадувачки со оглед на огнената природа и потреба за доминацијата на овој знак.


Следниот најсомнителен по Лавот е Ракот, од кои 71% од нив го душкаат минатото на партнерот, а Рибите 69%. Како што велат експертите, на овие два знака, во прилог е фактот дека и двата се водени знаци, што значи дека се карактеризираат со исклучителна интуитивност. Дали ова значи дека Рибите и Раковите треба да веруваат на нивната интуиција секогаш кога ќе имаат чувство дека нешто не е во ред? Многу е можно!


Знакот со најголема доверба е Водолија, бидејќи само 11% од испитаниците на овој знак биле склони кон ваквото однесување, а поголема количина доверба ги карактеризираат Стрелец и Девица кои многу веруваат во своите партнери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi