Овој начин на исхрана ќе ја доведе вашата фигура во топ форма: За 7 дена 3 килограми помалку!

10 јуни, 20200
fish_fruits_veggies_seeds

Покрај дијетата, се препорачува и мала физичка активност, за топењето на масните наслаги да оди уште побрзо.

Ви го претставуваме седумдневното мени:

Појадокот е ист секој ден: Овесна каша (2 лажици ситни овесни снегулки, да се готват во 2dl вода, 5 минути, со додаток на една мала лажичка суво грозје), вака приготвената каша се полива врз претходно испасирана банана и се додава цимет по желба.

Претпладневна ужина: Кафе или зелен чај, секако без шеќер

Попладневна ужина: Секој ден по половина грејпфрут

  • Ден 1 – Ручек: Пилешко месо приготвено на скара и мешана сезонска салата со маслиново масло; Вечера: Риба приготвена на пареа и зелена салата

  • Ден 2 – Ручек: Печен зеленчук во рерна – 150 грама тиквици, карфиол, морков, пиперки исецкани на парчиња, се обаруваат 10 минути на пареа, потоа се ставаат во длабок сад, претходно подмачкан со масло за јадење, се додава 50 грама рендано нискомаслено сирење, се додаваат билни зачини и се печe во рерна 10 минути. Можете да направите и салата од домати; Вечера: Плескавица од мелено месо печена на мала количина масло за јадење. Прилог: Варен или динстан зеленчук.

  • Ден 3 – Ручек: Две варени јајца со сезонска салата од свеж зеленчук зачинета со билни зачини, лимунов сок и маслиново масло; Вечера: Риба приготвена на пареа и зелена салата

  • Ден 4 – Ручек: Две варени јајца, две кришки интегрален леб, свежа салата; Вечера: Пилешко месо приготвено на скара и варена боранија зачинета со маслиново масло и лимунов сок

  • Ден 5 – Ручек: Мисиркини гради со варен зеленчук и свежа салата; Вечера: Печена риба, варен зеленчук или зелена салата и еден интегрален тост

  • Ден 6 – Ручек: Омлет со две јајца, зеленчук на пареа по избор и еден свеж домат; Вечера: Печено пилешко месо, домат и зелена салата

  • Ден 7 – Ручек: Телешка шницла, спанаќ и салата од домати; Вечера: Риба Ослиќ и мешан зеленчук приготвени на пареа

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi