ПАРИ ВО РАЦЕТЕ: Дали знаете колку бактерии собирате со допирање на само една БАНКНОТА?! НЕВЕРОЈАТНО!

18 декември, 2020
619761_profimedia0446034430_ls

ДНК-анализата откри шокантни податоци

Во текот на животот, можеме да слушнеме безброј пати како парите се валкани.

Оваа фраза најчесто се користи во преносна смисла, кога луѓето алудираат на употреба на пари за нечесни цели.

Она што е многу важно да се знае е дека парите се валкани и тоа буквално.

Банкнотите се вистинско поле за размножување на бактериите и затоа треба да бидете многу внимателни и да водите грижа за личната хигиена, по секој контакт со пари.

Иако се невидливи со голо око, банкнотите што ги чуваме во паричниците и џебовите се полни со бактерии.

Научниците од Универзитетот во Њу Јорк поднеле сметка од еден долар на ДНК анализа и на нив откриле околу 3.000 видови бактерии!

Меѓу најчестите видови на бактерии на банкнотите се оние што предизвикуваат акни, потоа бактериите кои предизвикуваат проблеми со цревата, пневмонија, па дури и откажување на бубрезите.

Озлогласената и во некои случаи смртоносна бактерија МРСА исто така се најде на некои банкноти.

Филип Тиерно, професор по микробиологија и патологија, по ова истражување рече дека за луѓето се вели дека буквално се бањаат во микроби.

Некои вируси на банкноти можат да преживеат околу 72 часа, па затоа е важно да бидете внимателни при ракување со пари.

Како да се заштитиме?

На едноставен начин, што е најдобра одбрана од вируси и бактерии – редовно миење на рацете со сапун и вода.