Пет грешки кои ги правиме кога имаме алергија!

21 јули, 20200
алергија

И додека некои ја дочекуваат пролетта со широко раширени раце, некои се фаќаат за глава…Или за нос. Пролетта е време во кое се активираат алергиите, а сè повеќе луѓе имаат проблем со сезонски алергии. Животот може да ви стане неподнослив, доколку сте алергични, а ги правите следниве грешки за кои не сте ни свесни дека ги правите.

1. Оставате отворен прозор

Воведете правило во сезоната на алергии да не ги оставате прозорите отворени, дури и ако не сте дома. Особено немојте да оставате отворени прозори доколку надвор е сончево или ветровито.

2. Го вклучувате клима уредот

Иако пролетните денови се топли и можат да бидат непосдносливи, особено за луѓето со астма или алергии, немојте да го вклучувате клима уредот. Клима уредите се штетни за луѓето со проблеми, посебно затоа што при нивното чистење се користат разни хемиски средства.

3. Вежбате во погрешно време

Ако сакате да вежбате на отворено, внимавајте на временските услови и времето. Избегнувајте тоа да биде рано наутро или попладне, бидејќи тогаш има најголема концентрација на полен во воздухот. Излезете доцна попладне или навечер.

4. Го одложувате користењето на лекови

Треба да избегнувате користење на лекови со закаснување и да ги земате кога веќе не сте во можност да дишите. Кога доаѓа сезоната на алергии, погрижете се за вашето здравје со време. Превенцијата е најдобар лек.

5. Дома имате кадифени играчки

Кадифените играчки се слатки и меки, но тие најчесто седат на полици и собираат прашина, која е еден од најголемите алергени.

Ако вашето дете или било кој друг има алергија, време е да ги тргнете кадифените играчки. Можете да задржите една до две играчки кои одвреме навреме ќе ги перете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *