Пет грешки коишто го намалуваат ефектот на вашиот тренинг

12 јуни, 20200
12-Best-At-Home-Workout-Plans-for-Women

Ако правите некоја од овие пет грешки, ефикасноста од вложениот труд се намалува. Обрнете внимание на овие нешта:

Пред одење на тренинг, не внесувате доволна количина на храна или пак, внесувате погрешни намирници – Веќе е познато дека она што ќе го изедете пред тренингот, може дополнително да ви ја зголеми енергијата, меѓутоа мрсната храна, како на пример јаткастите плодови или авокадото, зема повеќе време за да се свари, што придонесува вашето тело да се натпреварува само со себе во трката за снадбување со крв.  

Вашиот кардио план ве саботира –  Кардио вежбите го подобруваат здравјето на вашето срце, согоруваат калории и за многумина може да биде одличен начин на загревање. Но, контраефектот може да се постигне доколку предолго се задржувате на лентата за трчање или велосипедот, што може да ја потроши мускулната маса и да допринесе до забавување на метаболизмот. Кардио вежбите најдобро е да траат од 30 до 45 минути.

Се одморате на погрешен начин – Верувале или не, но одморот е исто важен колку и тренингот. Кога на себе не си давате доволно време за опуштање помеѓу сериите, телото започнува да исфрла кортизол, односно хормонот стрес. Тоа секако не значи дека по секое одење во теретана, треба да се земат 2 дена одмор, но најдобро би било да ги менувате вежбите, односно да не работите само на една мускулна маса, константно.

Не се потите доволно – Ако сакате промените да се забележат на вашето тело, тогаш морате да ги предезвикате мускулите. Кревање на товар со тежина е најдобриот начин за забрзување на метаболизмот. Истото важи и за кардио вежбите, со текот на времето, брзината треба да се зголемува.

По тренингот внесувате премногу протеини – Познато е дека внесот на протеини по тренингот влијае на растот и на брзото закрепнување на вашите мускули. Но, ако се водите според мислењето дека што повеќе ќе внесете, тоа подобро, би требало да знаете дека тоа воопшто не е така. Се смета, дека за жените е оптимално да внесат 12грама протеин, во рок од половина час по тренингот. Доколку земете повеќе протеин од што ви е потребно, тој протеин ќе се таложи во вид на масти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi