Пет здрави и вкусни смутија кои ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот килограми!

13 мај, 20200
смути 1

Доколку сакате да изгубите некој килограм, освен внимателно испланираната исхрана треба да се занимавате и со спорт, добро да спиете и да го регулирате стресот.

Но, без разлика дали сакате да ослабнете или само сакате да пробате нешто ново за појадок, некои од овие рецепти можат да ви бидат од корист.

Смути од тиква

Тиквата е корисна во успорувањето на стареењето на телото. Благодарение на витамините кои ги има, а посебно витаминот Ц, чаша смути од тиква ќе ве заштити, а има само 49 калории.

Состојки:

1 шолја пире од тиква

1 шолја незасладено млеко од бадеми

½ замрзната банана

Малку мраз

Лажичка цимет

Измешајте ги сите состојки во блендер и уживајте

Green sunrise смути

Идеално смути за почеток на денот. Ќе добиете здрава доза на омега 3 масни киселини и потребните витамини и минерали.

Состојки:

1 лажичка протеин од ленено семе

1 шолја свеж спанаќ

½ авокадо

1 шолја бадемово или соино млеко

Сите состојки помешајте ги во блендер и уживајте

Чиа и бобинки

Ова смути е полно со белковини и влакна и е одличен начин да ве држи сити со часови.

Состојки:

1 шолја обичен грчки незасладен јогурт

1 шолја замрзнати бобинки (боровници, јагоди, вишни)

1 лажичка чиа семиња

½ шолја мраз

1 лажичка екстракт од ванила

Сите состојки помешајте ги во блендер и уживајте

Смути од цвекло

Сјајна витаминска бомба за почеток на напорниот ден

Состојки:

1 цвекло со средна големина

1 средно јаболко или 2 мали

1 мал морков

1 замрзната банана

1 шолја бадемово млеко

1 лажица овесни снегулки

Исчистете ги јаболките и цвеклото и исечете ги на поголеми парчиња. Морковот исчистете го и исечете го на помали парчиња. Во блендер ставете го млекото, овесните снегулки, а потоа овошјето и зеленчукот. Изблендирајте и уживајте!

Смути од јаболко и лимон

Ова нискокалорично смути е одличен сојузник во борбата против вишокот килограми така што го забрзува метаболизмот.

Состојки:

1 јаболко

1 лимон

1 парче ѓумбир

1 супена лажица мед

200мл вода

Излупете ги јаболкото и лимонот и исечете ги на големи парчиња. Потоа ѓумбирот исечете го на мали парчиња. Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте додека не се добие хомогена смеса. Доколку ви пречи киселиот вкус, додадете повеќе мед.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi