Пиете вода пред спиење? Размислете добро пред да го сторите тоа повторно!

30 септември, 2020
bottle-2032980_1920-660x450

Водата е најважната супстанца во Светот бидејќи го одржува здравјето и е одговорна за голем број витални функции во нашето тело.

Сите знаеме дека препораката е да пиеме 1,5 до 2 литри на ден, а најголем ефект врз организмот ќе има ако испиеме чаша вода наутро на празен стомак.

Како и да е, што ќе се случи ако испиеме чаша вода навечер пред спиење?

Предности:

Го подобрува расположението

Недостаток на вода во телото не само што влијае на чувството на сувост во устата и грлото, туку создава и проблеми низ целото тело. И кога телото е дехидрирано, расположението исто така паѓа. Со оглед на тоа дека не пиеме вода навечер, а многу се потиме (помеѓу половина литар,а  дури и два литра), тешко е да се компензира ова со редовно внесување на течност.

Ако испиете чаша или две вода пред спиење, нема да бидете дехидрирани и ќе се разбудите во подобро расположение.

Може да ги намали главоболките

Ако навечер сенапиете некој пијалок, треба да испиете чаша вода пред спиење. Бидејќи алкохолот извлекува течност од телото (заедно со магнезиум, калиум или натриум), се појавува мамурлак.

Затоа, ако испиете чаша вода навечер пред спиење, нема да имате проблеми со главоболки.

Дополнителни совети:

Растворете таблета магнезиум во вода и двојно ќе му помогнете на вашето тело.

Негативни страни

Може да го преоптовари мочниот меур и да го расипе спиењето.

Ако пиете чаша или две вода навечер пред спиење, може да го ослабите мочниот меур. Тогаш ќе имате потреба да уринирате во секој момент, па затоа нема да бидете опуштени и ќе ви се наруши сонот.

Дали ви треба вода пред спиење?

Обидете се да пиете чаша вода еднаш пред спиење и потоа да ја набљудувате реакцијата на вашето тело.

Ако ве нервира одењето во тоалет навечер, тогаш престанете да пиете вода пред да одите во кревет.

Најважно е да пиете доволно вода (2-3 литри) во текот на денот. Најдобар ефект врз вашето тело ќе има чаша вода наутро на празен стомак.