Пиво за коса: еве како правилно се користи!

14 мај, 20200
пиво

Постојат повеќе начини за нега на косата со пиво. Пивото може да се користи за миење на косата, како маска и за брзо растење.

Пиво за миење на косата:

Измешајте 30 мл дестилирана вода со исто толку пиво , 2 лажици јаболков оцет и 7 капки есенцијално масло од лимон.

По шампонирањето нанесете ја оваа смеса на главата со добро триење, а потоа добро исплакнете со млака вода. Оваа постапка можете да ја повторувате еднаш месечно за да имате здрави влакна.

Пиво како маска за коса:

Загрејте чаша пиво и масло од јојоба, потоа намачкајте ги врвовите на косата со оваа смеса и оставете да делува околу половина час. Потоа измијте ја косата. На овој начин косата ќе ви биде посјајна.

Пиво и жолчки:

Во чаша со пиво измешајте жолчки и смесата втријте ја во кожата на главата. Ставете кеса или капа и држете ја смесата 30 минути на глава.

За раст на косата пивото претставува наједноставно и најевтино решение. Пивото е богато со фосфор, бакар, аминокиселини, магнезиум и железо. Сето тоа помага за забрзан раст на косата.

Напомена: Доколку се употребува за третман за коса, пивото треба да биде отворено 24 часа за да испари алкохолот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi