Подгответе се за топлите денови! Овие три модели на фустани ќе бидат летен хит!

23 мај, 20200
fustan

За оваа пролетно- летна сезона стилистите најавуваат доминација на лелеави цветни фустани со карнери, со точки, во различни должини и бои, а за витките жени и слип модели.

Одберете го вашиот идеален крој и бидете во тренд.

Цветни фустани

Нè враќаат во седумдесеттите и најчесто ги гледаме на страниците на модните списанија. Ретро е во мода…Се носат и куси и долги, со големи и ситни цветови, во разни бои, а што е уште поубаво, во сите прилики.

Точки

Иако минатото лето беа апсолутен моден фаворит, фустаните со принт со точки речиси никогаш не се промашување. Така ќе биде и во наредните месеци. За време на летото ќе се носат фустани во разни должини, со карнери, без ракави, на прерамки или како топ. Крупните жени треба да ги избегнуваат овие фустани, или барем да одбираат фустани со поситни точки.

Слип фустани

Ја одбележале модата во деведеситте, а пред неколку години повторно се вратија на сцена. Изгледаат како долга тесна ноќница, но жените кои не можат да се пофалат со идеална фигура можат горделиво да ги носат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *