ПОЛН ПОГОДОК или МОДНА КАТАСТРОФА?!

26 мај, 20200
коса

Неон бојата на коса е тотален хит со години наназад, но ова лето треба да оди чекор понатаму и да направи вистинско виножито од бои.

Еднобојната фризура е практична, но и помалку досадна, зарем не? Токму заради тоа се измислени “неон” боите за коса. На некои дури и тоа им беше малку и додадоа повеќе бои, па така денес имаме фризура наречена “виножито.” Ваквиот тренд станува се популарен меѓу младите девојки.

За да се погодат нијансите потребна е помош од фризер. Поточно, “виножито” нијансите се добиваат со нанесување на неколку различни бои и затоа е потребно голема количина на алуминиумска фолија, чешел и многу трпение!

“Виножито нијансите се одлични за плетенки или локни”

Tреба да се има на ум дека ваквата боја на коса може да претставува проблем при комбинирање на одредени парчиња гардероба.  

“Самовила” – зелена, тиркизна, сива и црна боја создаваат “самовила” ефект. Најдобро изгледа кога косата е рамно потшишана.

 “Еднорог” – бела, розе, тиркзина и зелена боја создаваат илузија на боите кои се среќаваат кај опашката на еднорозите. Вака обоената коса, со овие неон нијанси, изгледа прекрасно во локни, како и во плетенки.

“Вештерка”– Топли бои од спектарот на црвена, бордо, виолетова, портокалова и жолта создаваат ефект на вистинска огнена коса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi