Помага при автоимуни заболувања и топи килограми! Што е AIP диетата?

8 април, 20200
диета

Со оваа диета, ќе изгубите осум до десет килограми за два месеци и ќе спречите развој на автоимуни заболувања.

AIP диетата првично беше развиена за да им помогне на оние кои се борат со автоимуни нарушувања како што се псоријаза, воспалително заболување на цревата, дијабетес тип 1 и слично.

Автоимуните заболувања се јавуваат кога имунолошкиот систем ќе започне да напаѓа нормални, здрави клетки, наместо едноставно да не штити од штетни ефекти. Иако точната причина за автоимуни состојби не е позната, многу експерти веруваат дека тие настануваат како резултат на проблеми со цревата. Доаѓа до оштетување на цревната слузница. Слузницата на цревата е составена од бактерии кои не штитат од болести и инфекции. Меѓутоа, кога овие мукозни мембрани ќе бидат оштетени, штетните бактерии можат полесно да минуваат низ цревата во крвотокот, предизвикувајќи голем број на симптоми (одгледувањето е еден од нив) и здравствени проблеми. Ова е една од причините што може да дојде до покачување на телесната тежина, бидејќи одредени бактерии можат да го стимулираат воспалението, резистенцијата на инсулин и чувањето на маснотиите во организмот.

Што е диета AIP?

Диетата AIP е план за исхрана направен за борба против проблеми со цревата, заснован на елиминирање на храна што предизвикува воспаление на цревата, додека го зголемува внесот на онаа што помага за нивно закрепнување и губење на тежината. Со строго придржување кон овој план на исхрана, вие не само што ќе спречите развој на автоимуна болест, туку ќе изгубите и осум до десет килограми за два месеци, тврдат нејзините автори.

Што е забрането?

AIP диетата е многу слична на палео диетата, иако има уште некои ограничувања. Така, во оваа диета се забранува следново:

  • алкохол
  • јајца
  • кафе
  • ореви
  • житарки од цело зрно
  • мешунки
  • млечни производи
  • фруктоза (овошни шеќери)
  • вештачки засладувачи
  • сувомеснати производи
  • рафиниран шеќер
  • масло од зеленчук и канола

Списокот е прилично рестриктивен, но ефикасен. После неколку недели, ако сте задоволни со губењето на тежина и се чувствувате добро, можете повторно да започнете да ја консумирате оваа храна. Но, ако сметате дека ве дуе или имате други нарушувања во дигестивниот систем, тогаш дефинитивно оваа храна не ви одговара и треба да ја исфрлите.

Што можете да јадете?

Еве го списокот на храна што е дозволена во AIP диетата:

  • сите зеленчуци освен домати, модри патлиџани и компири
  • морска храна
  • немасно месо
  • мали количини овошје
  • мали количини на сируп од мед и јавор
  • билки
  • маслиново, кокосово и масло од авокадо

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi