ПОРАДИ ЕДНА ГРЕШКА ЗДРАВА НАМИРНИЦА МОЖЕ ДА СЕ ПРЕТВОРИ ВО ОТРОВ! Што никако не смеете да правите со овој зеленчук

13 септември, 2020
спанаќ

Грешката што ја прават многумина од нас може да биде опасна по нашето здравје!

Многумина спанаќот го нарекуваат супер храна и тоа не без причина. Има исклучително висока содржина на витамини К и А, богат е со магнезиум, железо, витамин Ц …

Сепак, пред да и се препуштите на оваа здрава храна треба да знаете една работа – спанаќот содржи и многу нитрати, а еве и зошто може да биде проблематичен. Факт е дека нитратите можат да се претворат во нитрити, а потоа и нитрозамини, а некои од нив се канцерогени.

За да можат нитратите да се претворат во потенцијално опасни нитрити, потребни се бактерии и тие се формираат кога спанаќот се подготвува, лади и потоа се загрева.

Ако се прашувате зошто е толку опасно, некои нутриционисти велат дека нитритите можат да доведат до метахемоглобинемија, односно можат да влијаат на способноста на крвта да носи кислород.

Па што останува за вас ако не го јадете целиот подготвен спанаќ и сакате да го зачувате за следниот ден? Обидете се да го изладите брзо и чувајте го на температура под пет степени за да спречите формирање на нитрит.