Поразувачки резултати од истражувањето: Секоја втора жена била измамена за време на пандемијата на корона вирусот

18 август, 20200
Annotation 2020-08-18 155836

Психолозите велат дека стресот за време на пандемијата ги уништува односите и дека луѓето се префрлаат на социјалните апликации за да се забавуваат

Скоро 50 проценти од жените биле измамени од партнерите за време на пандемијата, покажа неодамнешна студија спроведена во САД.

Сајтот dating.com спроведе истражување во кое учествуваа 2.000 луѓе, а прашањето беше дали тие биле измамени во периодот од март, за време на карантинот, па до денес.

Резултатот ги изненади сите, а тоа е дека дури 55 проценти одговорија потврдно. Од тоа, 45 проценти се жени и само 15 проценти мажи.

Причините за измамата не се изненадувачки. Една третина велат дека биле измамени затоа што партнерот чувствувал стари искри со поранешните, додека 20% од нив рекле дека се случило истото, но со нова личност.

Марија Саливан, потпретседателка на dating.com, рече дека карантинот бил одличен тест за сите парови, некои ја зајакнале врската и се запознале уште подобро, додека некои сфатиле дека не се баш едни за други. Истражувањата покажаа дека многумина се обратиле на апликации и страници за средби во овој тежок и предизвикувачки период.

Двајца психолози од Универзитетот во Тенеси неодамна објавија дека стресот за време на пандемијата ги уништува врските и дека луѓето се префрлаат на друштвените апликации за да се забавуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi