Повеќе нема да се убиваат животни: Месо од лабораторија на нашите трпези во 2021-ва?

3 декември, 2020
burgeri1-0f7ef1

Месото одгледувано во лабораториски услови веќе се смета за иднина на прехранбената индустрија, најмногу затоа што таквиот начин на одгледување на крајот е поисплатлив од оној што се практикува на традиционалните фарми.

meso iz labaratorije

Пилешки клетки одгледувани во биореактори во Сингапур, кои произведуваат месо од лабораторија, добија зелено светло, и тоа е пресвртна точка во прехранбената индустрија, како што ја знаевме досега. Месото, произведено во биореактори, беше одобрено за прв пат од едно регулаторно тело. Месото наречено „Пилешки залчиња“ е направено од американската компанија „Eat Just“, ​​а е одобрено од сингапурската агенција за безбедност на храна. Нивното одобрување може да ја отвори вратата кон иднината во која целото месо ќе се произведува без да се убива животни.

Како се прави месото од лабораторија?

Клетките се одгледуваат во биореактор од 1.200 литри и потоа се комбинираат со одредени растителни состојки. Клетките кои првично се вметнуваат во биореакторот се од банка на клетки, не се земени од мртви кокошки, благодарение на фактот дека клетките може да се земат преку биопсија на живи животни.

meso iz labaratorije